Веќе неколку месеци кружат гласини дека iPhone Pro ќе биде редизајниран. Сега, за прв пат, гледаме како тоа всушност би можело да изгледа.
Според различни инсајдерски извештаи, iPhone 17 Pro треба да има алуминиумска рамка и правоаголен модул за камера.
Сепак, се чини дека работите не се баш така. Судејќи според најновите информации, моделите на iPhone Pro и понатаму ќе бидат направени од титаниум, па се поставува прашањето како ќе изгледа модулот на камерата или дали ќе остане како досега.
Фотографијата објавена на социјалната мрежа Weibo, на која наводно е прикажана рамката на iPhone 17 Pro, ни кажува дека камерите ќе се наоѓаат на врвот со ултра широк објектив во средината, слично на телефоните Pixel.
So this is going to be true, I predicted the future (Not the same but similar). 😜
iPhone 17 Pro/Max Leaked Design. https://t.co/nxAfArrOg9 pic.twitter.com/GB6ApPz8hk
— Taksh (@TakmanTechnical) December 12, 2024
Покрај тоа, веб-страницата The Information објави и рендери на моделот, а на неа пишува дека задниот дел на уредот ќе биде изработен од комбинација од стакло и алуминиум.
Apple is reportedly working on a major redesign for the iPhone 17 Pro and iPhone 17 Pro Max ‼️
– Aluminum frame instead of Titanium
– Larger rectangular camera bump made of aluminum instead of glass
– Bottom half remains glass for wireless chargingSource: @theinformation pic.twitter.com/tg1M8XnOT2
— Apple Hub (@theapplehub) November 25, 2024
Отворот на долната страна ќе биде од стакло, наводно, поради подобрите перформанси на NFC и другите технологии.
Она што го гледаме на сликите можеби е некоја нова насока што Apple ја избра за својот Pro модел, но сепак изгледа дека телефонот нема да биде најудобен за користење.
Со оглед на тоа колку внимание Apple посветува на ергономијата, само ќе треба да видиме дали работите навистина изгледаат така.