Samsung го најави воведувањето на новиот модел Galaxy A16 LTE како најнов додаток на серијата мобилни уреди А.

Овој телефон носи голем екран, тројна камера и вградени безбедносни карактеристики благодарение на Samsung Knox Vault. Новиот Galaxy A16 се карактеризира со 6,7-инчен екран со минимална рамка, а има и Super AMOLED екран, со стапка на освежување од 90 Hz.

Galaxy A16, како што вели Samsung, е дизајниран за визуелни раскажувачи бидејќи има разноврсна тројна камера со висока резолуција која им овозможува на корисниците да ги доловат секојдневните моменти со неверојатни детали.

Има ултра широка камера од 5MP, додека за селфи е задолжена предната камера од 13MP. Главната камера е 50 MP и нуди инстант предлози за уредување за корисниците да можат да ги усовршат своите снимки во движење.

Дебелината на телефонот е 7,9 mm, а има и нова IP54 заштита. Galaxy A16 е дизајниран за енергетска ефикасност и совршен пренос на видео содржини – за ова треба да биде одговорна батерија од 5.000 mAh која поддржува супер брзо полнење.

Како што споменавме, Galaxy A16 користи Samsung Knox Vault, заштита што физички ги изолира вашите PIN-кодови, лозинки и други лични податоци од неовластен пристап на хакери.

Samsung Knox Vault ги штити личните информации на корисниците, чувајќи ги безбедни од потенцијални закани. Овој нов уред доаѓа и со шест генерации на ажурирања на ОС и шест години безбедносни надградби.

Samsung Galaxy A16 ќе биде достапен во црна, светло зелена и светло сива боја.