Хакирана лабораторијата на Оксфорд каде се истражува коронавирусот

пред 6 години

Сајбер банда извршила хакерски напад врз биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, каде се истражува Ковид-19, соопшти денеска британскиот весник The Telegraph.

Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како STRUBI, каде се истражува Ковид-19, пренесуваат британските медиуми.

Универзитетот во Оксфорд веднаш не даде одговор на барањето за коментар, но за The Telegraph потврди дека одделот STRUBI бил цел на хакерски напад.

Share
Scroll to Top