Црна Гора е првата земја во светот која Rakuten Viber ја избра да ја направи својата премиум претплата услуга достапна за своите корисници
Како што се наведува во соопштението, корисниците од Црна Гора кои ќе одлучат да се претплатат на Viber Plus ќе бидат првите во светот кои ќе имаат можност да активираат нови услуги кои ќе бидат достапни само за претплатниците.
Компанијата нагласува дека сите останати стандардни услуги и функционалности на апликацијата Viber ќе останат бесплатни за корисниците ширум светот.
Rakuten Viber за 1,99 долари месечно нуди нови опции како што се:
* Viber без реклами
* Отклучен пристап до стикери кои се наплаќаат
* Техничка поддршка во живо
* Уникатни икони за апликации
Исто така, корисниците на апликацијата Viber Plus ќе добијат значка за верификација со нивниот аватар (слика на профилот), која ја потврдува нивната премиум претплата. За да ја активираат оваа нова услуга, корисниците прво ќе кликнат на „Повеќе“ во долниот десен агол на апликацијата – а потоа на назначената функција Viber Plus за да го започнат процесот.