Кога се работи за јахти, иднината е во самоодржливост, а токму еден таков пример претстави дизајнерот Марко Касали.
Се работи за концепт на суперјахта која е еколошки прифатлива морска убавина. Долга е 57 метри и има голем број современи решенија, меѓу кои и „чиста“ енергија. Нејзиното име е VisionE, што значи „визија“ и ја претставува еволуцијата во светот на јахтите.
Она што може да се забележи на прв поглед е базенот кој овозможува пливање со поглед на море, а целата горна палуба е покриена со соларни панели. Јахтата е дизајнирана и со подвижен соларен покрив кој кога ќе се отвори, открива палуба од 487 квадратни метри за уживање и релаксација.
Соларните панели можат да соберат до 62 kW сончева енергија и да ја складираат во голема батерија. После тоа, оваа батерија ја напојува јахтата.
Но, јахтата не мора да користи сончева енергија бидејќи има и хибриден дизел-електричен систем. Нејзината максимална брзина се проценува на 14 јазли. Постои и опција јахтата еден ден да користи само чиста енергија, вклучително и водород. Јахтата ќе може да плови во плитки води до 2,6 метри.
Јахтата има седум кабини со балкони кои овозможуваат директен пристап до морето, а денес не постои јахта што може да им го понуди ова на сите гости. Оваа опција обично ја нуди само главната кабина.
Покрај наведеното, јахтата има и базен или кошаркарско игралиште, а ќе служи и како кино на отворено. Гостите ќе можат да уживаат и во големо џакузи.