Продажбата на новите конзоли веќе започна, a првите примероци се уште се во претпродажба. Тешко е да се стигне до уредите, бидејќи фановите се подготвуваат да ги купат со години. На момче од Калифорнија му беше толку важно да биде меѓу првите сопственици на конзолата, што чекаше во ред за PlayStation 5 неверојатни 36 часа.

Тајлер Лопет застана во ред во Даблин, Калифорнија во 20 часот во средата, за да биде прв во редот, при отворање на продавницата за Black Friday, објавија американските медиуми. Како што изјави самиот, почувствувал „големо олеснување“ кога конечно ја купил конзолата.

„Конзолата самата по себе е доволна, но сега кога се најдов на вести, тоа е уште подобро“, изјави Тајлер со PS5 конзолата во рацете.