Не, не е нова епизода на Пајтон, туку длабоко вознемирувачка реалност – американскиот генерал Вилијам „Хенк“ Тејлор, командант во Јужна Кореја, рече дека „тој и ChatGPT се зближиле доста во последно време“.

„Се обидувам да изградам модели што би ни помогнале на сите“, рече тој, додавајќи дека ChatGPT му помага да донесува одлуки што влијаат на војниците под негова команда.

„Како командант, сакам да донесувам најдобри можни одлуки. Сакам да бидам сигурен дека донесувам одлуки во вистинско време, за да можам да добијам предност“, им рече Тејлор на новинарите на медиумска тркалезна маса, објави Business Insider.

Ако сето ова е вистина и нема причина да се верува поинаку, Тејлор „си игра со оган“, а тоа потенцијално би можело да има негативно влијание врз американската војска.

Тејлор не е единствениот
ChatGPT е, се разбира, исклучително корисна алатка, но сепак не е целосно сигурна и имало бројни случаи каде што дава одговори што се погрешни, опасни или можат да бидат насочени на начин на кој корисникот сака.

Интересно е што Тејлор не е единствената јавна личност што проговори за оваа алатка за вештачка интелигенција во изминатите неколку дена. Поранешниот британски премиер Борис Џонсон истакна дека „активно го користел ChatGPT додека ги пишувал своите книги“.

Со оглед на тоа што „лавината“ се појави, се поставува прашањето кој друг на високи позиции во светот ќе признае дека се консултирал со вештачка интелигенција – и уште полошо, кој го прави тоа, а ние никогаш нема да знаеме.