Станува збор за напредниот систем за асистенција на возачот (ADAS), но по серијата несреќи во кои беа вклучени модели од производител на Калифорнија и паркирани возила на итните служби, започната е истрага

Истрагата на Националната управа за безбедност во сообраќајот (NHTSA) следи 11 инциденти во кои се повредени 17 лица, а едно го загубило животот. Потенцијално, 765.000 возила би можеле да бидат погодени од овој проблем.

Налогот издаден од NHTSA го опфаќа буквално секој автомобил на Tesla продаден во САД од 2014 година, вклучувајќи ги Model S, Model X, Model 3 и Model Y.

Ова тело вели дека нивната канцеларија за истрага на дефекти (ODI) идентификувала 11 несреќи во кои биле вклучени моделите на Tesla, што се случило кога возилата наишле на „места каде што се нашле амбулантни возила“.

NHTSA вели дека повеќето инциденти се случиле во темнина и дека местата на несреќа вклучуваат контролни мерки, како што се светла на возилата за итни случаи, осветлени патокази и поставени конуси.

Според Националната управа за безбедност во сообраќајот на автопатишта, секој автомобил на Tesla вклучен во инцидентите имал вклучен Autopilot или Traffic Aware напреден темпомат и секој удрил во едно или повеќе возила кои се нашле на лице место.

Autopilot е ADAS систем од втор ред, што значи дека може да го контролира управувањето со возилото и неговата брзина, иако NHTSA во соопштението вели дека возачот ја задржува „примарната одговорност за откривање и реагирање на предмети и настани (OEDR)“.

Од NHTSA, исто така, велат дека нивната истрага „ќе ги процени технологиите и методите кои се користат за следење и помагање на возачот како дел од неговиот ангажман во возењето за време на Autopilot режимот“. Исто така, ќе се испитаат сите околности што придонеле за несреќите.

Автопилотот претходно беше анализиран од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД (NTSB), кој препорача NHTSA да бара од Tesla да воведе подобар систем, за да се осигура дека возачите ќе обрнат внимание на сообраќајот дури и кога е вклучен автопилот. Во извештајот за инцидентот од 2018 година, објавен минатата година, NTSB утврди дека од Tesla не направиле доволно за да спречи злоупотреба на системот, но и дека пристапот на NHTSA во регулирањето на ADAS и поврзаната технологија ги занемарува можните ризици.