Некои земји сакаат автомобилите со мотори со внатрешно согорување да се изедначат со тутунот.

Рекламирање на автомобили – бензински или дизел, веќе не е дозволено на sидовите на метро-станиците во Амстердам.

Амстердам е првиот град во светот што го прави овој чекор. Властите сакаат Амстердам да биде град во кој енергијата се користи на штедлив начин.

Сепак, забраната важи само за одредени производи бидејќи според Партијата на зелените левичари во Амстердам, не е можно да се забрани цела марка. Затоа, самата одлука ја следи граѓанската иницијатива Забрана за фосилно рекламирање односно Забрана за рекламирање производи кои користат или се направени од фосилни горива.

Земји како Белгија, Канада, Шведска и САД веќе подолго време бараат забрана за рекламирање автомобили. Некои земји сакаат автомобилите со мотори со внатрешно согорување да се изедначат со тутунот и се применуваат истите предупредувања.