Корисниците на телефоните Google Pixel 6 се чувствуваа непријатно кога системското ажурирање на Android 14 им го заклучи пристапот до внатрешната меморија на уредот.
Проблемот првенствено ги погоди оние кои имаат вклучени повеќе профили, а по зголемениот број на извештаи, Google ја призна грешката и потврди дека работи на поправка.
Компанијата објави закрпа на одреден број корисници, со напомена дека во следните денови би требало да биде пошироко достапен.
Ова ќе го реши проблемот само за оние кои го изгубиле пристапот до примарната меморија на телефонот, а ако телефонот е заглавен кога е вклучен (boot loop), тогаш нема друга опција освен да се изврши фабричко ресетирање, при што сите податоците се изгубени, објави Android Police.
Според експертот за Android, Мишал Раман, проблемот е предизвикан од грешка во датотечниот систем F2FS, кој телефоните Pixel го користат за нивната партиција на податоци. Додека постарите Pixels исто така го користат истиот датотечен систем, се чини дека грешката е во кернелите базирани на Linux 5.10 што ги користат моделите Google Pixel 6 и Google Pixel 7.
Грешката беше иницирана од „внес на оштетен kattr (проширен атрибут) што се јавува кога секундарниот корисник е отстранет додека го користи системот F2FS“, рече Раман. Сега, пред да се активира проблематичната партиција на податоци, ќе се изврши проверка на конзистентноста на системот (fsck), која треба да ја реши ситуацијата.