Компанијата Meta воведе нови можности за својата апликација Facebook Messenger.
Новите функции се наменети за end-to-end шифрирани разговори, иако сè уште се опција за разлика од WhatsApp, кој исто така е во сопственост на Meta и каде end-to-end енкрипцијата е стандардна. Ова е важна разлика што треба да се има на ум, бидејќи во случајот на Messenger, корисникот мора самиот во менито да го отвори end-to-end енкриптираниот чет.
Сепак, енкрипцијата сега не е ограничена на разговори еден на еден, туку се можни и групни шифрирани разговори и повици, како гласовни, така и видео повици. Затоа, сега е можно да се поврзете со пријателите и семејството на приватен и безбеден начин.
Кога станува збор за исчезнувачките пораки во енкриптираните разговори, корисникот ќе добие известување доколку другата страна направи скриншот. Во овие разговори конечно се достапни GIF-ови и стикери, како и реакции, реплики и индикатор за пишување. Овозможено е и препраќање на пораките.
Ознаките на верификуваните профили сега се видливи и можно е да се зачува секоја фотографија или видео со долго притискање на одредена содржина. Покрај тоа, корисникот може да го едитира видеото или фотографијата пред да ја испрати, како и да додава стикери, текст и слично. Овозможено е и уредување на звукот за клиповите.