Апликацијата Telegram со 70 милиони нови корисници по падот на Facebook

пред 3 години

Апликацијата Telegram вчера доби повеќе од 70 милиони нови корисници благодарение на шестчасовната блокада на Фејсбук и услугите за пораки како што се WhatsApp, Instagram и Messenger, изјави денеска нејзиниот основач Павел Дуров.

Facebook ја припишува блокадата на „погрешната промена на конфигурацијата“, што спречи 3,5 милијарди нивни корисници да пристапат до WhatsApp, Instagram и Messenger услугите. Проблемот предизвика глобален пад на системот што траеше повеќе од шест часа.

„Дневната стапка на раст на Telegram ги надмина сите очекувања. Ги пречекавме бегалците од други платформи, над 70 милиони од нив за еден ден”, напиша Дуров на својот канал на Телеграм.

Тој додаде дека некои корисници во Северна и Јужна Америка можеби имале мали потешкотии, бидејќи милиони луѓе брзале кон Telegram, апликација за текстуална и мултимедијална порака на уреди со Android, iOS и Windows во исто време, но услугата вообичаено добро функционирала за повеќето корисници.

Русија соопшти дека овој инцидент покажа дека Москва била во право кога развила свои суверени интернет платформи и социјални мрежи.

Share
Scroll to Top