Google подготвува нова функција за паметните телефони Pixel. Тоа е дел од функциите за Digital Wellbeing, што има за цел да им помогнат на корисниците подобро да ја балансираат употребата на паметни уреди со нивниот нормален живот.

Новата опција ќе ги предупредува луѓето да бидат внимателни кога пешачејќи го користат својот паметен уред. Како што пренесува порталот XDA developers, Heads Up ќе го потсетува корисникот да „не зјапа“ премногу и предолго во дисплејот и да внимава наоколу додека е во движење.

Притоа, експлицитно се напомнува дека тоа не го заменува вниманието и самосвеста на потрошувачите и не штити од несакани случки. Единствената цел е да го потсети корисникот да биде внимателен. Засега, Heads Up е достапна само за Pixel телефоните, но можно е да се појави и кај други уреди.