Apple објави дека неговиот виртуелен асистент Siri отсега покрај женскиот, ќе има и машки глас. Корисниците покрај гласот, ќе имаат можност да бираат и акценти, како што се американски, британски, ирски и индиски. Американските уреди како стандарден глас го имаат женскиот, додека во други земји, како Велика Британија, тоа е машки глас. Apple наведе и дека наскоро ќе додаде два нови гласа.

Компанијата изрази возбуденост бидејќи на своите корисници им понуди два нови Siri гласа на англиски јазик и можност самите да го прилагодат својот уред според нивна желба. На тој начин, Apple ги промовира своите производи и услуги кои се дизајнирани да ја одржуваат различноста во светот. Новиот Siri асистент е веќе достапен во iOS 14.5 бета верзијата, додека новите производи ќе добијат измените кон крајот на 2021 година, кога е најавено ажурирање на софтверот.

Веќе подолго време владеат родови стереотипи помеѓу гласовните асистенти како што се Siri, Amazon Alexa и Google Asistant. Поради тоа, извештајот на Обединетите нации во 2019 година изрази загриженост и предупреди дека гласовните асистенти ја промовираат идејата дека жените се послушни помошнички кои се достапни со притискање на копче или едноставна гласовна команда. Иако повеќето виртуелни асистенти сè уште вклучуваат нативен женски глас, корисниците имаат можност да направат промена.