Сингапурската банка ОЦБЦ воведе биометриска технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат. Со тоа, како што велат, се елиминира потребата од користење платежни картички.
Банката соопшти дека тие се прва таква институција во Југоисточна Азија што применува биометрика за услуги на осум банкомати во Сингапур, како што пишува сингапурскиот портал „Фајнтекњуз“.
Засега на овој начин, може само да се провери сметката, но ОЦБЦ има намера постепено да ја прошири оваа технологија и на услугата за подигање готовина на своите автомати во Сингапур, откако ќе се утврди дали и колку е безбедно тоа.
Потегот на банката следи откако во јули 2019 година таму воведоа технологија за Кју-ар код за подигање готовина на банкоматите