Поради пандемијата на коронавирусот училиштата и факултетите, како и компаниите ширум светот го прифатија далечинскиот начин на работа. Но, тоа исто така ги привлече хакерите кои што во таа работа видоа „лесен плен“.

„Пандемијата на коронавирусот не е единствената со која што денеска се соочуваме“, предупредил експерт за кибернетичка безбедност во владата на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед ал-Куваити.

Поради локдаун многу од училиштата и компаниите целосно се насочија кон онлајн работењето, па учениците и наставниците, како и голем број други луѓе, принудени се да работат од дома. Ал Куваити предупредува дека поради преминувањето на „онлајн животот“ забележан е голем пораст на хакерските напади.

Иако такво нешто може да се забележи во целиот свет, овој кибернетички експерт вели дека тоа сепак е повидливо во регионот на Блискиот исток кој што е соочен и со „кибернетичка пандемија“.

Порастот на кибернетичките напади оваа година пораснал за 250 отсто, при што хакерите најчесто се служат со методата „ransomware“ и „phishing“.

Користејќи се со методот „phishing“ хакерите најчесто лажно се претставуваат, како приватна личност или пак компанија и настојуваат да ги излажат корисниците доброволно да им остават свои лични податоци.

Нападите со методот „ransomware“ се уште поопасни, а хакерите преку него ги заклучуваат компјутерите на корисниците и со тоа имаат пристап до сите информации кои што се наоѓаат внатре.

Според неодамнешно истражување на безбедносната копанија „TrendMicro“, во последно време на удар се критичните јавни структури и валидните IT компании.

Со оглед на тоа што со порастот на користење на дигиталните услуги порасна и хакерската активност и дека живееме во време на „кибернетичка пандемија“, јасно е дека во иднина треба да очекуваме приватните компании и државните организации да вложат повеќе време и ресурси за нивната безбедност и заштита од кибернетичките напади.

Извор: Zimo.hr