Белата куќа издаде предупредување поради хакерски напади врз системот за електронска пошта Microsoft Exchange.
– Ова е активна закана. Сите кои ги користат нивните сервери, од Владата и образовните институции до приватниот сектор, мора да бидат внимателни, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
Microsoft потврди дека хакери ги искористиле нивните сервери за да нападнат свои мети, а се претпоставува дека на удар се десетици илјади организации.
Според американските медиуми зад хакерскиот напад стои Кина.
САД подолго време ја оббвинува Кина за кибер шпионажа, додека Пекинг негира.