Снимката е прегледана повеќе од четири милиони пати
Бизарна снимка на која што може да се воочат коски, откриена е со помош на Google maps, а истата привлече големо внимание во светот.
За мистеријата да биде уште поголема, коските се забележани на подрачјето на Чернобил, местото кое што со децении е напуштено.
Да потсетиме, по експлозијата во Реакторот 4 на познатата нуклеарна електрана која што се случи во 1986 година, комплетниот град бил евакуиран и препуштен на судбината.
Спомнатата снимка е прегледана над милиони пати, а на неа се прикажани дел од пропаднатите инсталации, веројатно во кругот на електраната.
На земјата јасно се гледаат коски (распоредени во круг), како и дел од череп, пренесува „Daily Star“.
Илјадници корисници на социјалните мрежи го искажаа своето мислење за ова несекојдневно откритие.
Колку и да делува мистериозно, најверојатно коските се остатоци од некое животно затоа што локалитетот е напуштен со децении. Во Чернобил денес владеат мечките, волците, елените…
Извор: Objektiv.rs