Популарната стриминг платформа Spotify патентираше технологија што ѝ овозможува да ги „прислушува“ корисниците и звуците околу нив.

Нивната цел е да ги проверат вашите емоции кога слушате одредена композиција, за да можат да ви понудат соодветна музика во секое време, во зависност од локацијата и вашето расположение.

Имено, софтверот за препознавање говор и анализа на звук, покрај овие податоци, препознава и каде е корисникот. Идејата на Spotify е дека не мора да ја барате музиката што сакате да ја слушате во моментов, туку дека самиот алгоритам ви нуди она што совршено ќе ви одговара според параметрите.

Барањето за регистрација на патентот беше поднесено во 2018 година, а главната причина за оваа идеја беше дека „премногу е да се бара од корисниците да дадат детали за музичкиот вкус“.

Покрај демографијата на корисниците, Spotify ќе може да ги анализира нивоата на стрес, интонацијата на гласот, ритамот и други работи што можат да помогнат да се утврди општата емоционална состојба.

Со помош на „прибирањето“ и на звуците од околината, апликацијата ќе може да препознае дали сте во моментот на прослава, во јавен превоз и слично.

Извор: B92.net