Бил Гејтс: Можеби нè чека уште посмртоносен вирус, мора да се подготвиме

пред 2 години

Основачот на „Мајкрософт“ и филантроп, Бил Гејтс, ги повика богатите земји да инвестираат милијарди долари во развојот на вакцини за да може човештвото да се подготви за следната глобална епидемија.

Гејтс смета дека иако делта и омикрон-сојот на коронавирусот се едни од најзаразните досега, сепак во иднина би можеле да бидеме погодени од еднакво заразен патоген, но со многу повисока стапка на смртност, пишува „Фајненшл тајмс“.

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ и британскиот Wellcome Trust донираа 300 милиони долари на Коалицијата за иновации во подготовката за епидемии (CEPI), која помогна да се формира програмата „Ковакс“, што обезбедува вакцини за земјите со низок и среден приход.

Организацијата работи на собирање 3,5 милијарди долари за да може периодот за добивање нова вакцина да се намали на 100 дена. Гејтс рече дека светските приоритети се чудни и дека денес филантропите и богатите влади мора да се вклучат во решавањето на проблемот со нееднаквата распределба на вакцините.

Тој порача и дека двата главни донатора за развојот на вакцините за време на пандемијата на Ковид-19, CEPI и американската влада, покажале храброст затоа што инвестирале во развојот на антитела.

Share
Scroll to Top