Брзите домашни антигенски тестови за Ковид-19, кои даваат резултати за неколку минути, се помалку чувствителни на омикрон отколку на претходните варијанти на коронавирусот и се со поголема веројатност да покажат лажно-негативен резултат и покрај инфекцијата во споредба со претходните соеви, соопшти Американската агенција за храна и лекови (ФДА).

Преелиминарните податоци покажуваат дека антигенските тестови ја откриваат варијантата омикрон, но со намалена чувствителност, се вели во соопштението на ФДА. Чувствителноста е мерка за тоа колку е веројатно тестот да даде позитивен резултат.

Информацијата доаѓа во време кога земјата се соочува со голем пораст на бројот на случаи на зараза со омикрон.