Четириесет проценти од околу половина милион видови на билки се на работ на изумирање и им се заканува исчезнување, објавиле британските научници.

Во извештајот на британските Кралски ботанички градини, во кој учествувале 210 научници од 42 земји, се проценува дека 39,4 проценти од билните видови и габи се на праг на изумирање, што е за 18 постотни бодови повеќе отколку во 2016-та година. Тоа се однесува и на 723 видови на билки кои се користат во медицината.

Во извештајот се истакнува дека бројни видови на билки кои претставуваат потенцијален извор на храна или енергија не се искористуваат доволно. Научниците изброиле 7.093 видови на билки за јадење, но 90 проценти од светската храна доаѓа само од 15, а четири милијарди луѓе целосно се потпираат на ориз, пченка и пченица.

„Овогодишниот извештај е одраз на светот кој им го завртел грбот на потенцијалните билки и габи како решение за глобалното прашање по безбедноста на храната и климатските промени”, рекол Александре Антонели, директор на RBG.

„Заедниците се предолго зависни од премалку видови. Не успеваме да го искористиме богатството од неверојатниот биодиверзитет кој ни се нуди и пропуштаме голема можност”.

Извор: Novosti.rs