Вакцините против COVID-19 врз база на мРНК технологија како што се на Pfizer/BioNTech и Moderna се чини дека се ефикасни против индискиот вид коронавирус, соопшти Европската агенција за лекови (EMA).

Податоците презентирани од европскиот регулатор за ефикасноста на вакцините мРНК против видот Б. 1.617 се „охрабрувачки“, изјави Марко Кавалери, претседател на работната група на ЕМА, одговорен за стратегијата за вакцинација.

Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази.

Кавалери на прес-конференција рече дека е оптимист во врска со ефективноста на вакцините засновани на аденовирус, како што се оние што ги развија AstraZeneca и Johnson & Johnson, дека исто така штитат од индискиот вид.

Се чекаат дополнителни податоци од Индија, каде што се користи вакцината на AstraZeneca, рече тој и додаде дека „до денес сме убедени дека вакцината ќе биде ефикасна против тој вид“.

Во Европоската унија се одобрени четири вакцини – Pfizer/BioNTech и Moderna кои користат технологија мРНК и AstraZeneca и Johnson & Johnson вирусни векторски вакцини.

Видот Б. 1.617 е откриен во 44 земји, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), кои го ставаат тој вид на списокот на „загрижувачки“.

Со тоа индиската мутација им се придружи на трите „злогласни“ што се појавија во Обединетото Кралство, Бразил и Јужна Африка и кои се сметаат за поопасни од оригиналната верзија на коронавирусот затоа што се позаразни, посмртоносни или поотпорни на одредени вакцини.