Предупредувачкото и светло за итни случаи, попознато како вклучени четири трепкачи, наскоро може да се промени драстично.

Прекинувачот за истовремено активирање на сите четири трепкачи за насока во автомобилите постои од 1951 година кога е воведен за прв пат. Оттогаш па до денес ништо на ова поле не е променето.

Една компанија е на ставот дека овој начин на предупредување треба да се промени. Компанијата Emergency Safety Solutions (ESS) се занимава со голем број безбедносни проблеми, а во овој случај тие тврдат дека промената на фреквенцијата на вклучување и исклучување на светлата драстично ќе ја подобри видливоста. Нивниот предлог е 4 Hz, или четири пати во секунда, што е фреквенцијата кој човекот ја перципира најдобро, пишува Car And Driver.

За поголема брзина, прекинувачот треба да се притисне двапати, а сите четири трепкачи би се активирале автоматски во сите опасни ситуации, како што се случува денес при ненадејно сопирање.

Идејата е подржана и од NHTSA, американската организација од областа безбедност на патиштата, која одлучила и самата да се занимава со оваа тема во наредниот период. Ако сè оди добро и бирократијата ја заврши својата работа во пристојна временска рамка, зголемувањето на фреквенцијата на трепкање може да стане правило на американските патишта. Законот сè уште „не го препознава“ терминот брзина со која се палат светлата, туку само условите во кои се користи. Слично е и кај нас.

Како и да е, вклучувањето на сите четири трепкачи не значи дека може да застанете било каде и од која било причина. Истовремена работа на сите трепкачи се користи за опомена или предупредување за други возачи, и мора да бидат вклучени во одредени ситуации.

Извор: Додај Гас