Американската пратеничка од Вирџинија Џенифер Векстон користеше програма за вештачка интелигенција (AI) за да се обрати синоќа пред Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, јавува Би-би-си.

Пред една година ѝ била констатирана говорна мана поради супрануклеарна парализа, која го отежнува говорот.

Програмата за вештачка интелигенција ѝ овозможи на Векстон да создаде клон на нејзиниот глас користејќи стари снимки од настапи и говори што ги одржала во Конгресот. Векстон е првата личност што зборува во Конгресот со глас создаден од вештачка интелигенција.