Шефот на компанијата Мета, Марк Цукерберг го проба новиот уред на Apple и ги кажа своите впечатоци за него.
Деновиве фокусот е ставен на Apple Vision Pro, гаџет кој се носи на глава кој се користи за „проектирање“ на виртуелна и проширена реалност.
Цукерберг, во новото видео на Инстаграм, рече дека го испробал уредот и, во најмала рака, не бил импресиониран.
View this post on Instagram
Тој, исто така, не ја пропушти можноста да го спореди со сличен производ од неговата компанија наречена Quest 3, кој чини 500 долари (во споредба со 3.500 долари за Apple Vision Pro).
„Не само што мислам дека Quest 3 нуди повеќе за вложените пари. Мислам дека Quest е подобар производ, точка“, беше јасен Цукерберг.
Цукерберг понуди уште некои споредби, велејќи дека Quest 3 е полесен за 120 грама, што значи дека е поудобно да се носи подолго време. Спомна некои други работи за кои мисли дека се подобри за неговиот производ, но би се рекло дека „војната со гаџети“ штотуку започна.