За време на воениот саем во Москва, руската компанија Intellect Machine го претстави прототипот на кучето робот М-81, кое носеше минофрлач на грбот.
Роботското куче М-81 е дизајнирано да извршува и воени и цивилни задачи и може да се користи за бројни цивилни апликации како што се работа во опасни области, помагање на спасувачките тимови, извидување, пронаоѓање пат низ урнатините и испорака на лекови до заробените жртви.
Сепак, М-81 има и воена примена и може да врши прецизно гаѓање, да идентификува цели, да врши патроли и да транспортира оружје и муниција.
За време на демонстрациите на саемот, М-81 извршуваше низа команди и повремено го гаѓаше со празниот минофрлач што го носеше на грбот.
Intellect Machine објасни дека М-81 бил инспириран од принципите на биониката во животинскиот свет, особено кога станува збор за структури и механика. Роботот е направен првенствено со користење на кинески компоненти и технологија, а чинел околу 16.000 долари. Сериската верзија ќе биде достапна во Русија во блиска иднина.
М-81 е многу сличен на роботското куче Спот на Boston Dynamics, но и на кинескиот робот Go1. Сите роботи личат на куче и можат да извршуваат слични задачи.
Американската војска, наводно, веќе се согласила да го испрати кучето робот Спот да ги чисти боиштата во Украина. HALO Trust, американска организација за деминирање, во јуни соопшти дека има намера да ја искористи Спот за отстранување мини, минофрлачки гранати и неексплодирани убојни средства од областа во близина на Киев.