Двајца астронаути на NASA заглавени на Меѓународната вселенска станица се упатуваат назад на Земјата со SpaceX за да ја завршат драматичната мисија што започна со пробен лет на Боинг пред повеќе од девет месеци, јавува Асошиетед прес.

Буч Вилмор и Суни Вилијамс се простија од Меѓународната вселенска станица – нивниот дом од минатата пролет – заминувајќи во капсула SpaceX заедно со уште двајца астронаути. Капсулата се одвоила во раните утрински часови, а се очекува да слета на брегот на Флорида до вечер, во зависност од временските услови.

Тие очекуваа да бидат на ISS само една недела по лансирањето во новата капсула Starliner на Боинг на 5 јуни. Но, многу проблеми што се појавија на патот до вселенската станица ја принудија NASA да го испрати Starliner назад празен и да ги пренесе астронаутите во SpaceX, одложувајќи го нивното враќање до февруари.

Тогаш проблемите со капсулата SpaceX додадоа уште еден месец доцнење. Доаѓањето на нивните замени вчера значеше дека Вилмор и Вилијамс конечно би можеле да си заминат.