Иако целокупниот дизајн на серијата телефони Pixel 7 е ист како и серијата 6, Google направи една голема промена – рамката на камерата сега е покриена со метал наместо со стакло.
Оваа конструкција би требало да го направи телефонот поиздржлив, а Зак од каналот JerryRigEverything провери дали е така во неговиот традиционален тест за издржливост.
Тестот за издржливост на телефонот Google Pixel 7 Pro започнува како и обично – со тест за гребење на рамката. Металната рамка околу камерите брзо покажа видливи знаци на оштетување, што беше неочекувано.
Google не само што го направи системот на камерата метален, туку и ја прошири ваквата конструкција на страните на телефонот. Ова за жал ја загрози издржливоста на телефонот. Претходниот модел Pixel 6 Pro го преживеа тестот на свиткување, додека 7 Pro помина многу полошо кога беше притиснат од задната страна.
Тестот ни покажува и какви перформанси можеме да очекуваме од 6,7-инчен дисплеј со Gorilla Glass Victus заштита, и на предното и на задното стакло.