Австриската компанија за вертикален погон Cyclotech соработува со јапонската компанија за испорака Yamato за развој на необичниот концепт на беспилотно летало за испорака.

Дронот CCY-01 лета со шест од уникатните CycloRotors на Cyclotech, благодарение на кои ќе може да слета прецизно на тесни локации и покрај ветрот.

Цилиндричните ротори на Cyclotech се вртат со голема брзина, додека неколку сечила го менуваат аголот и го насочуваат потисокот. Првиот слободен лет беше изведен со помош на систем кој му овозможува на леталото брзо да го промени потисокот. За време на пробниот лет, се користени четири CycloRotors кои беа поставени така што леталото изгледаше речиси како летечки автомобил наместо како традиционален дрон.

Овој нов концепт CCY-01 го користи веќе необичниот дизајн на Cyclotech, кој е модифициран во сосема нова конфигурација, а назад се додадени уште два CycloRotor позиционирани под агол од 90 степени. Ова му овозможува на дронот да биде постабилен кога времето е ветровито, а леталото доби и два вертикални погони за дополнителна безбедност.

Дронот носи капсула PUPA развиена од Yamato и која развива неколку верзии на капсулата. Онаа која е прикажана функционира како количка и е наменета за товари до 30 kg. Товарната капсула е сместена под дронот и се поврзува со него, а дронот може да се навалува за време на летот за да се намали отпорот на воздухот.

Cyclotech тврди дека CCY-01 може да носи 45 килограми товар, вклучително и капсула, и да лета 40 километри со брзина од 130 km/h.

Дронот се уште е во концептна фаза, па нема гаранции дека ќе биде произведен. Неговиот необичен дизајн е показател дека Cyclotech максимално експериментира.