По речиси 17 години, легендарниот лик се враќа во Mortal Kombat, гласот на познатата актерка и секс симбол.
Студиото NetherRealm, креаторот на серијата Mortal Kombat, официјално го објави враќањето на еден од легендарните ликови во најновата игра Mortal Kombat 1 – Nitara.
Она што е особено интересно е што гласот на овој лик го носи популарната актерка Меган Фокс, која ја знаеме како ѕвезда на Transformers, Ninja Turtles и други филмови.
Nitara, вампирот од подземјето, не е лик што може да се игра уште од Mortal Kombat: Armageddon за PlayStation 2, а нејзиното враќање предизвика голема возбуда меѓу гејмерите и обожавателите на Mortal Kombat.
Иако за некои е изненадување што гласот на Nitara го носи секс симболот Меган Фокс, самата актерка вели дека пораснала играјќи го Mortal Kombat и „не може да поверува дека го дава гласот на лик во нова игра“.
Mortal Kombat 1 пристигнува на 19 септември (14 септември со ран пристап) на PlayStation 5, Xbox Series X|S, Nintendo Switch и компјутер.