По неколку месеци чекање и одложувања, ажурирањето The Wild за Minecraft наскоро ќе биде достапно за корисниците и доаѓа со голем број надградби.

Mojang и Microsoft ќе ја објават надградбата The Wild за сите платформи на 7 јуни. Ажурирањето додава два нови биома, заедно со нови суштества, како и специјални ресурси.

Исто така, играчите ќе можат да пловат со брод што содржи ковчег, па нема да мора да оставаат вредни ресурси доколку сакаат да го поминат езерото.

Ажурирањето носи и блокови од кал (кои, се разбира, се создадени од земја и вода), моба-соработник кој собира работи, како и жаба што се развива од полноглавец, која може да произведе светлина во одредени ситуации.

Не е изненадувачки што тимот на Minecraft сака да ја одржува својата игра свежа и релевантна повеќе од една деценија по нејзиното објавување, со оглед на нејзината популарност и десетици милиони продадени копии.