Еден програмер се обиде и успеа да го подигне Windows 7 на процесор со екстремно слаб работен такт.
NTDEV е програмер и популарен јутјубер, а тој дошол на идеја да го покрене Windows 7 од 2009 година на процесор Pentium-S, со работен такт намален на само 5 MHz.
Тоа е 995 MHz под минималните барања потребни за да се стартува Windows 7 во 2009 година. Системот исто така користеше само 128 MB RAM, што е значително помалку од 1 GB потребни за да се стартува веќе застарениот Windows.
Сето ова резултираше со фактот дека на Windows 7 му беа потребни цели 28 минути за да се подигне на таква платформа, со споменатиот такт на процесорот.
Сепак, откако системот беше подигнат, Windows 7 Ultimate можеше да изврши некои дејства на него, вклучително и извршување на програмата Notepad.
NTDEV истакна дека времето на подигање на оперативниот систем од 28 минути е далеку од најспорото што го сретнал досега.
„Тоа не е ништо во споредба со Windows XP на 1MHz. За тоа нешто требаше да се подигне три часа“, истакна програмерот.