Сè повеќе фотографи и хобисти користат дронови за снимање или фотографирање на тешко достапни места во природата. Меѓутоа, понекогаш ваквите потфати немаат најдобар епилог.
Така беше и со фотографот Адам Колбертсон, кој неодамна ги посети карпите во националниот парк Капитол риф во Јута, испраќајќи дрон во воздухот за да ги направи најдобрите можни снимки.
Не помина ни минута, а моторите престанаа да работат, но неговиот уред продолжи да снима – овој пат во фокусот на објективот беше летот над карпата.
View this post on Instagram
Ако погледнете малку подобро, на екранот можете да ги видите пердувите, а малку подоцна крилјата и клунот, кои ни кажуваат за што всушност се работи. Колбертсон останал без дрон, а крадецот, ни помалку ни повеќе, бил орел.
Дронот летал побрзо од 60 километри на час во канџите на орелот, па сигналот брзо се изгубил, но Колбертсон успеал да сними и спаси колку што можел. Тој објави видео на Инстаграм, па дури и доби уред за замена од производителот.