Една година по објавувањето на видео играта God of War Ragnarok, добивме информации за тоа што Кратос правел – и не сме сигурни што да мислиме.
Во последните неколку дена се шпекулира дека наскоро треба да пристигне експанзија за оваа ексклузива на PlayStation, но и покрај тоа, креаторите не одлучија да ни ја дадат нејзината најава токму на годишнината.
Наместо тоа, добивме малку чудна анимација – студиото Санта Моника го објави Кратос како танцува на песната „BOY“.
It has officially been 1 year since the launch of #GodOfWarRagnarok! 🥳 Let’s see what Kratos and Atreus have been up to…
🕺🏽 Dancers: UI Artists Andy Lang and Paul Calvert
🎵 Song: ‘BOY’ from @mashed performed by @ShaoDowMusic pic.twitter.com/rY2VBG4xya— Santa Monica Studio – God of War Ragnarök (@SonySantaMonica) November 9, 2023
Не знаеме што да правиме од ова – можеби ова е еден од оние богови кои „паднаа на теме“, и се разбудија афинитети за кои до сега не ги знаел? Веројатно најдобро е да видите за што се работи и да процените сами. Сè што знаеме е дека Кратос се чини дека не бил многу погоден од Fortnite.