Овој чет-бот базиран на вештачка интелигенција најпрво ќе биде достапен на паметниот часовник GTR4 на Amazfit, а се очекува и другите производители на паметни часовници да го следат примерот.

Amazfit неодамна објави дека chatbot базиран на вештачка интелигенција ChatGPT наскоро ќе пристигне на нивниот паметен часовник GTR4. Новата опција ќе биде достапна во поставките на часовникот како ChatGenius, а вештачката интелигенција ќе одговара на прашањата на корисниците.

Во краткото видео објавено на интернет, прикажан е пример на вештачка интелигенција што одговара на прашање за подобрување на перформансите на трките. По неколку секунди, ChatGenuis го даде својот одговор кој се прикажува на екранот на часовникот, така што е потребно малку лизгање за да се види целиот одговор.

Сопствениците на овој часовник ќе можат да ја прашаат вештачката интелигенција, на пример, како им беше денот, на што четботот ќе одговори со информации како што се бројот на поминати чекори и моменталниот пулс. Кога сакате да поставите ново прашање, само допрете го прстот на екранот за да го избришете претходното прашање и потоа можете повторно да разговарате со овој четбот.

Што се однесува до другите опции, ChatGPT се очекува да им даде на сопствениците одговори на прашања за временската прогноза, условите на патиштата и други корисни информации. Како што е нагласено на Tech Radar, фактот што Amazfit прв ја претстави оваа опција, пред многу поголеми технолошки компании и производители на паметни часовници, е големо достигнување за оваа компанија.

За очекување е дека и други компании како Apple, Google, Samsung итн. наскоро ќе го следат истиот пат бидејќи тоа е технологија која стана толку популарна во последните неколку месеци што веќе никој не може да ја игнорира вештачката интелигенција.

Треба да се нагласи дека слична апликација има и на Apple часовникот, но таа не е имплементирана во самиот ОС, туку е апликација од трета страна за која треба да платите 3,99 долари, додека апликацијата на Amazfit треба да биде дел од оперативниот систем и е потполно бесплатно.