Понудата на бесплатни видео игри на PlayStation Plus може да варира по квалитет, но овој пат на маса се три интересни наслови.

За да ги играте бесплатно, како и досега, треба да имате активна претплата и да ги додадете во вашата колекција. Понудата на овие три игри ќе биде активна до 6 ноември.

The Callisto Protocol (PS5, PS4)

Станува збор за игра од типот „преживување хорор“, каде што водите јунак кој е затворен во затвор со строги безбедносни мерки 300 години во иднина.

Работите, се разбира, се движат во непредвиден правец, па постепено затворениците се претвораат во чудовишта со различни бои и форми.

Ваша задача е, нормално, да најдете излез од затворот, но и да решите некои други мистерии кои ќе се појават во таа мисија.

Farming Simulator 22 (PS4, PS5)
Од името е прилично јасно за што се работи – вие имате своја фарма и правите се што веќе прават фармерите за таа да напредува.

Постојат три американски и европски региони каде што можете да започнете да градите фарми засновани на земјоделство, сточарство или шумарство.

Најголемата новина која ја носи овој дел од серијата се годишните времиња кои влијаат на вашата фарма, а се останато е веќе познато.

Weird West (PS5, PS4)

Оваа видео игра е сместена во вонземска верзија на американскиот Див Запад, каде шерифите и бандитите го делат просторот за живеење со фантастични суштества.

Приказната е поделена на поглавја, а со вашите одлуки и постапки можете да влијаете како заплетот ќе се развива понатаму.

Токму поради оваа причина, можете да играте Weird West повеќе од еднаш, и секој пат кога ќе влезете во различни ситуации и ќе добиете ново искуство.