Компаниите Codemasters и Electronic Arts заеднички го најавија доаѓањето на сосема нова игра за љубителите на Формула 1.

Станува збор за игра F1 22 за која веќе се прифаќаат нарачки однапред, а ќе биде во продажба ширум светот од 1 јули.

Новата игра вклучува нова стаза во Мајами, како и промени во конфигурацијата на патеката во Австралија и Абу Даби. Исто така, воведени се и спринтерски трки, а гејмерите ќе уживаат во возењето на автомобилите од новата ера. Исто така, ќе важат новите правила кои важат од оваа сезона.

Играта ќе поддржува PC VR функционалност преку Oculus Rift и HTC Vive уредите за VR.

Гејмерите имаат шанса да „зачекорат“ подлабоко во гламурозниот свет на Формула 1 благодарение на приспособливиот центар наречен F1 Life. Станува збор за мод кој им овозможува на играчите да купуваат и „освојуваат“ суперавтомобили, како и облека и додатоци.

Преднарачките за Champions Edition започнуваат на 16 мај, а играчите ќе имаат тридневен ран пристап и ограничен пристап до содржината инспирирана од Мајами.

Electronic Arts и Codemasters ги објавија опциите за игра „Immersive“ и „Broadcast“, а првите им нудат на играчите ризични предизвици кои се наградуваат, додека втората вклучува „контролирана и автентична кинематика“.

Новата програма „practice“ носи новитети, а се враќа режимот „My Team“, кој им овозможува на играчите да изберат почетен буџет и едно од трите сценарија за влез. Исто така, се врати десетгодишниот мод на кариера, како и опцијата за кариера со двајца играчи и модот за онлајн мултиплеер.

Играта ќе биде достапна за PS4 и PS5, Xbox One и Xbox Series S/X и компјутер преку Steam и Epic Game Store.