Google Pixel 6A неодамна стана достапен за продажба, а корисниците веќе укажуваат на голем безбедносен пропуст што може да им пречи на многумина.

Google го претстави Pixel 6A оваа пролет, најприфатливиот уред во линијата телефони Pixel 6, но доаѓа со голем безбедносен пропуст.

Имено, социјалните мрежи се преполни со кориснички коментари, кои тврдат дека Pixel 6A може да се отклучи со нерегистриран отпечаток. Овој безбедносен проблем го истакнаа и бројни корисници кои го тестираа телефонот на YouTube, како што се каналите Beebom и Geekxyranjit, кои веднаш кренаа прашина во странските ИТ медиуми.

Иако Google најверојатно наскоро ќе го реши овој проблем преку софтвер, тоа е безбедносен пропуст кој не би требало да се случи. До официјалната закрпа, на корисниците им се препорачува да користат лозинка наместо отклучување со отпечаток од прст.

За потсетување, Google Pixel 6A, кој чини 449 долари, доаѓа со 6,1-инчен OLED екран од 60 Hz, карактеристичен дизајн на камерата, чипсет Google Tensor и безбедносен чип Titan M2.