Излезена е нова сезона од популарната игра Call of Duty која го врати Snoop Dogg во воената зона.

Познатиот рапер првпат се појави во втората сезона на играта, а сега како оператор ќе биде дел од петтата. Имено, Call of Duty одлучи да прослави 50 години хип хоп, па специјални гости во игрите, покрај Снуп, се и Ники Минаж и 21 Savage.

„Снуп Дог се врати. Подготвен е за каква било операција“, стои во објавата која не ги возбуди сите љубители на играта.

„Кринџ“, „Зошто се враќа? Можеби нешто ново?“, „Глупост“, се дел од реакциите на разочараните гејмери, но, секако, има и такви кои веста ја дочекаа со ентузијазам.

Неколку познати личности од реалниот живот се појавија во натпреварите од популарната франшиза со текот на годините, меѓу кои фудбалскиот великан Лионел Меси и кошаркарската легенда Кевин Дурант.