Лука Чичин Шаин, вирусен имунолог во Центарот за истражување заразни болести во Брауншвајг, Германија, зборуваше за вакцините против коронавирусот и рече дека руската вакцина „спутник В“ има еден голем недостиг.
Зборувајќи за руската вакцина, Чичин Шаин рече дека експертите сè уште се вознемирени бидејќи резултатите од клиничките истражувања не се достапни
„Транспарентноста сè уште не е добра за да знаеме како тоа се одвиваше. Тие тврдат дека има малку несакани ефекти, што е изненадувачки затоа што може да се очекува дека тоа било како со ‘Астра зенека’“, рече Чичин Шаин.
„Има една предност, тие користат комбинација од два аденовируса, тоа се формулации што се користат во ‘Џонсон и Џонсон’ и некои кинески вакцини. Кога ќе ги комбинирате и двата, кога ќе дадете втора доза, ќе го зајакнете имунолошкиот одговор што е насочен кон она што се преклопува кај овие две вакцини, т.е. тој шилест протеин од коронавирусот, а потоа вакцината е многу посилна. Најголемиот недостиг на руската вакцина е што и кај двата аденовируса 25 и 26 се хумани аденовируси, што може да предизвика сериозни проблеми кај луѓето што се имунокомпромитирани. Кај нив аденовирусната инфекција може да биде смртоносна. Тоа е вакцина што носи уште поголем ризик, но веројатно нема да претставува проблем за здрава личност“, рече Чичин Шаин.