Уредите на Apple се под нова безбедносна закана, утврди компанијата за сајбер безбедност Group-IB.

Станува збор за тројанец со име „GoldDigger“, кој краде банкарски информации на корисниците на iOS, а првпат е направен за Android.

Со понатамошен развој, сепак, тој е адаптиран за да може да ги нападне и оние кои имаат iPhone или iPad. Компанијата, згора на тоа, тврди дека тоа е првиот тројанец направен за iOS и дека е доста опасен бидејќи собира СМС, лични документи, како и податоци за препознавање лица.

Со помош на овие податоци, хакерите можат да користат вештачка интелигенција за да креираат deepfake, а со тоа и да пристапат до податоците на корисниците. Додека да го сфатат ова, веројатно ќе биде предоцна.

Првично, овој тројанец беше претставен преку Apple TestFlight, кој им овозможува на програмерите да објавуваат бета верзии на нивните апликации без да мора да поминат низ евалуацијата на Apple.

Овој вирус е присутен насекаде низ светот, иако неговата главна цел се луѓето во Тајланд и Виетнам, велат од компанијата за сајбер безбедност. Засега нема конкретно решение, па најдобро е да избегнувате апликации за кои не сте сигурни од каде доаѓаат.