Истражувачите во Израел откриле коски на претходно непознат праисториски човек.
Универзитетот во Тел Авив објави дека го нарекле Nesher Ramla Homo, а живеел во областа Левант, Aзија пред околу 130.000 години.
Остатоците биле пронајдени во близина на Рамла, близу до Тел Авив, пренесува Хина.
Овој тип потекнува од средниот плеистоцен.
Нешер Рамла Хомо покажува сличности со остатоците од другите праисториски луѓе кои се пронајдени во Израел и Евроазија, а живееле пред околу 400.000 години.
Две групи на праисториски луѓе
Професорот по антропологија, Израел Хершковиц од универзитетот во Тел Авив, рече дека со ова откритие се отвора прашањето дали неандерталците потекнуваат од Европа, како што се веруваше до сега.
– Нашите откритија покажуваат дека славните неандерталци од Западна Европа се само остатоци од многу поголема популација што живеела тука во Левант – а не обратно, рече тој.
Откривањето на коските укажува дека во Левант живееле две групи на праисториски луѓе повеќе од 100.000 години и делеле алати, орудие и занаети.
Хомо сапиенсот дошол подоцна, пред околу 200.000 години, за разлика од Нешер Рамла Хомо кој живеел уште пред 400.000 години, а анализите покажале дека групите се мешале меѓусебно.
Исчезнат вид
Нешер Рамла е комбинација на карактеристики на неандерталецот и другите претходници, особено кај забите, вилиците и черепот.
Од друга страна се разликува доста од современиот човек – поинаква структура на черепот, без брада и со многу големи заби.
Се смета дека припаѓа на таканаречените „изумрени“ видови со кои се спојувал Хомо сапиенсот кога дошол во регионот.
Во откритието учествувале антрополози, лекари и археолози од универзитетот во Тел Авив и хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Хершковиц рече дека ова откритие е „од големо научно значење“.