Во Саудиска Арабија е изграден најголемиот калеидоскоп на светот, инсталација со огледала во која постојано се менуваат слики. Ова е дело на архитектонското студио „Стјуфиш“. Калеидоскопот LEAPscape е долг 40 метри, а висок е шест.

Калеидоскопот е направен од ЛЕД-плочки на кои се прикажуваат пејзажите на Саудиска Арабија. Поради затегната фолија на огледалата има овозможи доживување на посетителите без искривувања и визуелни прекини. Токму поради користењето на фолија, наместо стакло или челик, инсталацијата тежеше само 15 килограми.

LEAPscape беше претставен на технолошката конференција LEAP во Рија  и на посетителите им овозможи прошетка низ тридимензионално искуство.