Руски научници се обидуваат да го разберат степенот на потенцијална опасност од присуството на пластични микрочестички со кои е загаден снегот во Сибир, што претставува голема закана за животната средина во овој руски регион.

Загрижувачки е тоа што, како што снегот постепено се топи, микропластиката продира во тамошната почва.

Научниците од Државниот универзитет во Томск (ТСУ) велат дека собрале примероци од снег од 20 различни сибирски региони – од планините Алтај до Арктикот – и дека нивните првични откритија потврдуваат присуство на пластични влакна во снегот, кои се пренесуваат преку воздухот и до оддалечени делови на сибирската пустелија.

„Сосема е јасно дека микропластиката не се наоѓа само во реките и морињата ширум светот, туку и во почвата и живите организми, па дури и во атмосферата“, вели Јулија Франк, научен директор на Сибирскиот центар за микропластика при Универзитетот во Томск.

„Сибир е апсолутно недоволно истражен во овој аспект. Микропластиката, која се формира кога поголеми парчиња пластичен отпад се распаѓаат со текот на времето, сè повеќе се наоѓаат во воздухот, храната, водата за пиење, па дури и во мразот на Арктикот. Научниците сè повеќе се загрижени и стравуваат дека микропластиката може да го загрози здравјето на луѓето и морската флора и фауна, иако сè уште нема консензус по ова прашање.

Научниците од Универзитетот во Томск претходно откриле микропластика во дигестивниот тракт на рибите уловени во сибирските реки, што е потврда дека овој процес придонесува за загадување на Северниот Леден Океан со пластика.

„Сибир е апсолутно недоволно истражен во овој аспект и нашиот (руски) интерес за овој проблем заостанува во споредба со остатокот од светот“, рече Франк.

Научниците сега ги проучуваат моделите на снег за да разберат до кој степен густината на населението, близината до патиштата и автопатиштата, како и другите човечки активности, придонесуваат за загадувањето.

Извор: Index.hr