Компанијата Virgin Galactic изминатиот викенд го изврши првиот тестен лет на својот вселенски авион по повеќе од една година

Се работи за авионот VSS Unity, кој со екипажот полета од Ново Мексико и тоа е прв вселенски лет извршен од оваа држава.

Virgin VMS Eve носач на авион полета во вселенскиот аеродром во Ново Мексико и со себе во височините го подигна VSS Unity. Десетина минути пред одвојувањето, Unity почна да ја користи својата батерија и се спроведени проверки на контролата на летот и електричните системи. Кога Eve го пушти Unity, пилотите на вселенскиот авион го активираа ракетниот мотор, кој го изгасија неколку минути подоцна. Unity достигна брзина од 3 Mah и височина од 89,2 километри, потоа полека се сврте, а потоа се врати во атмосферата на Земјата и слета на истата вселенска писта.

Летот е искористен и за истражувачката програма Flight Opportunities на американската вселенска организација NASA, а претставува нов чекор кон целта на Virgin Galactic, кој сака да ја покрене програмата на вселенски туризам.

Virgin Galactic прими околу 600 резервации за идните вселенски летови, а билетот чини 250.000 долари. Unity во вселената може да понесе до шест патници и два пилота.