Вселенскиот телескоп Hubble ѕирна во зората на космичката ера и откри светлина на ѕвезда која постоела во првите милијарда години по Големата експлозија, што е нов рекорд, објавија астрономите.
Новооткриената ѕвезда, наречена Еарендел, е толку далеку што на нејзината светлина и требале 12,9 милијарди години да стигне до Земјата, од времето кога вселената била на седум проценти од нејзината сегашна старост.
„Отпрвин речиси и не верувавме, беше многу подалеку од досега најдалечното“, рече астрономот Брајан Велч од Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор, главен автор на трудот во Nature кој го опишува откритието. Претходниот рекорд бил откриен во 2018 година, кога универзумот беше стар четири милијарди години.
Twinkle, twinkle farthest star ⭐@NASAHubble just smashed records by observing the farthest individual star ever seen. Its light took 12.9 billion years to reach us—so we’re seeing how it looked when the universe was less than a billion years old!
More: https://t.co/vVRHSAOf1r pic.twitter.com/I4QDxL9vKb
— NASA (@NASA) March 30, 2022
Бидејќи универзумот се шири, во моментот кога светлината на далечните ѕвезди ќе стигне до нас, растегнат е на подолги, поцрвени бранови должини, феномен наречен „црвено поместување“ (redshift). Светлината на Еарендел доаѓа од ерата наречена redshift 6.2.
„Обично на овие растојанија, цели галаксии изгледаат како мали точки, а светлината на милиони ѕвезди се спојува“, вели Велч во изјавата.