Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор „Роспотребнадзор“, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави руската новинска агенција ТАСС.
Русија во ноември почна масовно тестирање со вакцината „епивакорона“, развиена од Институтот „Вектор“ во Сибир.
Москва претходно објави дека нејзината вакцина „спутник В“ е ефикасна 92 процента.