Huawei е на прво место на глобалниот пазар на 5G смартфони со испораки од 79,6 милиони единици (29,2%) минатата година, а зад него се Apple со 52,3 милиони примероци (19,2%) и Samsung со 41 милиони единици (15,1%), објави на 1. јануари Strategy Analytics, компанија за истражување на пазарот. Притоа е споменато дека Apple и Samsung годинава ќе го надминат Huawei.

Во 2019. година кога беше претставена 5G технологијата, удделот на пазарот на Huawei и Samsung беа 37,2, односно 36 проценти. Минатата година, Huawei сепак ја зголеми разликата со брзото ширење на технологијата во Кина. Apple во меѓувреме го зазеде второто место благодарение на огромната популарност на iPhone 12 серијата, нејзините први 5G смартфони.

Според истата фирма за истражување на пазарот, глобалниот пазар на 5G смартфони се очекува да достигне 600 милиони единици годинава, што е повеќе од двојно од ланската големина, а пазарниот уддел на Apple и Samsung се очекува да биде 29, односно 16,8 проценти.

„Уделот на пазарот на Huawei за годинава се проценува дека ќе се намали на 3,4 проценти по трговските спорови меѓу САД и Кина. Се проценува дека удделите на Vivo, Oppo и Xiaomi ќе изнесуваат 13,9, односно 12,8 и 11,7 проценти“, велат од Strategy Analytics.