Лу Веибинг, генерален директор на Redmi брендот најави дека голем број телефони годинава ќе пристигнат 100MP камера сензори. Информациите доаѓаат откако моделот Redmi Note 9 Pro 5G со главна камера од 108MP во декември беше објавен во Кина.

Ова сугерира дека и претстојните Redmi телефони би можеле да имплементираат 108MP сензори за камери. Веибинг истакнува и дека Redmi телефоните немаат ToF сензори, на кои некои производители претходно се фокусираа и дека наместо тоа, фановите на Redmi би можеле да очекуваат повеќе телефони со камера сензори од 100MP или повеќе.

Redmi K40 линијата, за која се очекува дека ќе биде објавена во февруари, би можела да интегрира 108MP сензор за главната камера. Redmi K30 линијата имаше сензор од 64MP, што дава основа за надградба на камерата на моделите од следната линија.

Се очекува дека Redmi K40 ќе го покренува чипсет од Snapdragon 700 серијата, додека Redmi K40 Pro наводно ќе го користи Snapdragon 888 чипсетот.